Пешак прегазен кај Министерство за здравство

Шеесет и осумгодишен жител на скопското село Инџиково бил повреден кога во него удрил автомобил, вчера во близина на Министерството за здравство.

Според информацијата на полицијата, сообраќајката се случила на улицата.„50-та Дивизија“, поточно на рампата кај Министерство за здравство. Во околу 10.20 часот возило марка „шкода октавија“, управувано од Г.И. удрило во пешакот Б.Ј. (68) од скопското село Инџиково.

На повредениот пешак му била укажана лекарска помош во скопскиот Ургентен центар, каде му биле констатирани телесни повреди, но по санирање на истите тој бил пуштен на домашно лекување.