Пешак прегазен во Кичево

Осумдесет и две годишниот кичевец Д.Ѓ. вчера околу 19 часот бил прегазен во Кичево во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“, информираат денес од полицијата.

Според информациите со кои располага МВР, во Д.Ѓ. удрил автомобил „Рено“ управуван од Н.С. (30) исто така од Кичево.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки повреди поради кои по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар во Кичево е препратен во битолската болница.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.