четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 32

Пешевски: 2,6 милијарди евра странски инвестиции во изминативе 10 години

pesevski-otcet-vmro-640x330

Поврзани вести

Странските инвестиции се важни, не само заради тоа што отвораат нови работни места, туку не учат и на нови работи и на нови технологии. Важно е да ги привлечеме бидејќи тие знаења кои ќе ги стекнат вработените, ги пренесуваат и во домашните компании, рече Владимир Пешевски.

Има вкупно 49 гринфилд инвестиции кои се донесени, а има и стотици помали. Плановите кои самите компании ги имаат објавено покажуваат дека за наредните три години вкупно кај нив ќе бидат отворени уште толку нови работни места колку што веќе имаат вработени. Ќе се дуплира бројот на вработени кај овие компании, а покрај тоа ќе се креираат уште најмалку толку работни места  кај домашните компании кои соработуваат со нив. Тоа е ефектот кој што го баравме и еве постепено сега го гледаме. Жителите на Македонија можат да видат, ние само во последните две години имаме најавено инвестиции по цела територија. Водиме сметка за цела Македонија, рече Пешевски.

Тој за време на презентацијата на отчетот потенцира дека изминативе 10 години збирно во Македонија како странски инвестиции се вложени 2,6 милијарди евра.

Оваа Влада носела два ипол пати повеќе инвестиции на годишно ниво од кога било претходно и тоа во услови на светска, економска и политичка криза, рече тој.

Најчитани вести