Пешевски: Целта на трибините е да излеземе со најквалитетната програма до сега

Целта на овие трибини е да на овие избори ВМРО-ДПМНЕ излезе со најквалитетната програма што е подготвена до сега. Ние сме сигурни дека таа ќе биде подобра од било која програма што некој од нашите политички опоненти ќе ја понуди.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа трибина во Домот на култура АСНОМ во Делчево која беше предводена од тимот на вицепремиерот Владимир Пешевски. Пешевски ја нагласи идејата за вакви трибини кои ќе се одржат во секоја општина во Република Македонија, се со цел да се соберат најквалитетните идеи, токму од граѓаните.

Целта на овие трибини е да на овие избори ВМРО-ДПМНЕ излезе со најквалитетната програма што е подготвена до сега. Ние сме сигурни дека таа ќе биде подобра од било која програма што некој од нашите политички опоненти ќе ја понуди, но во крајна линија ние веќе почнавме да не се натпреваруваме со нашите конкуренти во овој дел, туку се натпреваруваме сами со себе, секој пат да ја ставиме летвичката малце повисоко, односно она што ќе го понудиме на граѓаните како програма да биде поквалитетно од она што било понудено од нас претходно. Нашите политички конкуренти не ни нудат некаква програма, истакна Пешевски.

Тој исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ пред сите избори, пред граѓаните ја дава својата отчетност за тоа што и како има сработено од програмата со која настапи на изборите и дека секој може да направи споредба со тоа што и како е ветено и реализирано.

tribina-pesevksi-2

Пешевски ги охрабри граѓаните да ги даваат своите идеи, бидејќи секоја идеја ќе биде разгледана, кои можеби некоја од идеите, веднаш ќе биде реализирана доколку има услови и простор за нејзина реализација. Исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се консултира и со стручни лица во државата, но главната насока во новата програма ќе бидат реалните идеи од секој граѓанин.

Овие избори се резултат на крајно неправедна и незаконска активност на опозицијата

Вицепремирот им посочи на граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не ги сакаше овие избори и дека овие избори се резултат на крајно неправедна и незаконска активност на опозицијата во Македонија. Тој додаде дека тие преку своето делување предизвикале силна политичка криза во Македонија, што мораше да се вклучи и меѓународната заедница, иако ВМРО-ДПМНЕ можело да одбере да го истера својот мандат до крај.

Вицепремиерот пред делчевчани истакна дека единствена цел на СДСМ е да ја дестабилизираат државата и да дојдат без избори на власт.

– Се исполни и желбата на СДСМ да имаат неколку менистри и заменици министри во Владата и граѓаните можат да видат кој е начинот на нивното делување и на кој начин тие имаат намера да ја водат државата. Нивните министри не се дојдени како резултат на политички легитимитет, дека добиле соодветно мнозинство или поддршка на изборите, дојдени се како резултат на политички договор, со цел како што самите викаа да се обезбедат фер избори. Ние како партија сме сигурни дека на сите досегашни избори добивме полн политички легитимитет, односно ја доби поддршката од народот, преку гласовите кои ги освоивме, огромно мнозинство, додаде Владимир Пешевски.

Тој, за раководните луѓе од СДСМ посочи дека секој ден зборуваат, ветуваат различно, дека еден ден ветуваат едно, друг ден друго, дека тоа што го кажале вчера не важело за денес. Пешевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ, но и граѓаните знаат дека СДСМ и Зоран Заев ќе доживаат тежок пораз на наредните предвремени парламентарни избори.

Вицепремиерот на крајот од своето излагање им посочи на делчевчани дека граѓанаите на овие избори ќе одлучуваат за луѓе кој искрено работат за подобар животен стандард, за нови инвестиции, за реформи во сите сфери и луѓе кои што предизвикуваат кризи во државата, луѓе кои што не знаат да си го одржат својот збор.