Пешевски: „Југохром“ покажа дека има општествена одговорност

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, ја поздрави доброволната одлука на менаџментот на комбинатот „Југохром“, привремено да го запре производството и да даде свој допринос за подобрување на квалитетот на воздухот.

pesevski-fb

По неколкудневните разговори со менаџерскиот тим на Југохром Фероалојс, добро е што компанијата самостојно донесе одлука привремено да го запре производството и да даде свој допринос за подобрување на квалитетот на воздухот во Тетово и Полошката котлина, напиша Пешевски на својата Фејсбук страна.

Комбинатот од Јегуновце донесе доброволна одлука од Нова година до крајот на февруари да згасне две печки.

Со овој чин „Југохром Фероалојс“ покажува дека има општествена одговорност, дека сочуствува со граѓаните на Тетово и сака да покаже и докаже дека еколошките проблеми се решаваат не само со добрата воља на едната страна, туку напротив треба и општината Тетово да преземе свои мерки во однос на решавање на  загадувањето на воздухот, вели Васко Скендеровски, генерален директор на „Југохром Фероалојс“- Јегуновце во стечај.

Печките ќе се изгаснат утрото на 31- декември за да имаат Тетовци чист воздух за Новата година. Но, Скендеровски е убеден дека нема драстично да се подобри квалитетот на воздухот во Тетово и околината.

Повторното ставање на печките во функција е најавено за крајот на февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.