Пешевски: Ќе продолжиме со создавање нови работни места

Коментирајќи го најновиот извештај на ИБМ, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, истакна дека очекува до крајот на годината да се надмине минатогодишната бројка на нови работни места.

Пешевски денеска изјави дека според податоците на Агенцијата за вработување минатата година имало 519 работни места, а заклучно до овој момент таа бројка изнесува 533 илјади вработувања.

Убаво е да се биде прв на некој извештај, но целта ни е да ги создадеме тие работни места со сите политики што ги спроведуваме како во делот на подобрување на инфраструктурата, бизнис климата и намалувањето на даноците. Ќе продолжиме со создавање нови работни места и подигнување на животниот стандард на граѓаните, изјави вицепремиерот Пешевски по посетата на фабриката „ВП текс“ во индустриската зона Илинден.

Според него, за привлекувањето на странските инвеститори и отворањето нови работни места важна е и соработката на Владата со локалната самоуправа.