Пешевски: Народот е со нас, ние работиме за народот

Денес членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски ја посети општината Конче, каде што оствари средба со ОК на ВМРО-ДПМНЕ конче и разговараше со тамошните жители.

– Десетина денови членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се на терен, помеѓу своето членство, помеѓу своите граѓани. Ги посетуваме сите градови, општини и помали населени места, секој еден човек за нас има подеднакво важно значење, изјави Пешевски.

Тој додаде дека како никогаш досега ВМРО-ДПМНЕ влегува подготвен во новата предизборна трка, со одлична и содржајна програма, со високо ниво на ентузијазам и желба за нова победа на изборите.

Важен е секој еден глас, за нас 63 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, за нови патишта, водоводи, канализациони системи, за продолжување на модернизацијата на здравствениот систем, за подобро образование, за отворање на нови работни места, за посодржаен живот на помладите генерации и за помирна старост на пензионерите. Народот е со нас, ние работиме за народот. За успешна и стабилна Македонија,  изјави Пешевски.