ТОП,Македонија

Пешевски: Не дозволивме Македонија економски да падне на колена и покрај кризата која ја предизвика СДСМ

Пешевски: Не дозволивме Македонија економски да падне на колена и покрај кризата која ја предизвика СДСМ

Опозицијата предизвика криза во државата, а како резултат на таа криза и со цел да ги намалиме штетните ефекти од истата, ние се согласивме на предвремени избори. Македонија во овој момент и во целата измината година како резултат на опозицијата и работата на СДСМ, трпи сериозна штета. Секој жител трпи сериозна штета поради однесувањето на опозицијата, истакна вицепремиерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски на денешната трибина во Сарај, која е дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја”.

Сето она што беше договорено во Пржино, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше, но независно од тоа погледнете го функционирањето на државните институции на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и на СДСМ во периодот од кога почна кризата до денес кој со што се занимаваше. Од нивна страна не видовме ништо конструктивно, нивните министри од кога дојдоа во Владата не предложија ниту еден проект, ниту една добра идеја. Единствено што направија од кога дојдоа е тоа што прво бараа да добијат луксузни возила, да се смени мебелот во кабинетот, да се примат нивни партиски кадри, да се унапредуваат нивни кадри и луѓе блиски на нивното раководство и уште генерираат афери како последнава со личните карти. Но, нашите органи ги фатија како се спремаат да го наведат ВМРО-ДПМНЕ дека фалсификува лични карти, дека има бугарски пасоши, дека наши функционери имале сметки во странство, припремата на тие докази кои се фалсификувани се фатени во постапка и тоа е единственото нешто што успејаа да го нашрават во изминатиов период, истакна Пешевски.

Ова покажува како СДСМ ќе владее доколку би имале полна власт, рече Пешевски и додаде дека за разлика од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период се занимаваше со суштински работи кои се од корист за граѓаните.

Огромен број на проекти се реализираа токму во овој период и како резултат на контактот со граѓаните идеи и проекти кои што дел се од програмата на ВМРО-ДПМНЕ претходно, но дел беа и целосно нови проекти. Ние во овој период имавме уште посилно темпо за реализација на проекти што резултираа со, само во изминатата година над 30 нови големи странски инвестиции кои беа објавени во Македонија, неколку илјади нови работни места ќе бидат отворени како резултат на тоа… И покрај тоа што некој сакаше економски да ја види Македонија на колена ние сепак направивме да се отвораат и домашните, но и големи сериозни странски инвестиции за да се отвораат нови работни места, бидејќи тоа е она што и е потребно на државата, подвлече Пешевски.

Тој потсети дека и покрај кризата создадена од СДСМ, продолжи намалувањето на невработеноста и дојде до рекордно најниско ниво.

Во истиот период се продолжи и со изградба на голем број на патишта и водоводни системи, продолжи и темпото на зголемување на пензиите, како и исплаќањето на субвенциите, рече Пешевски.