Пешевски: Огревно дрво ќе има доволно, ланската цена ќе се задржи

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски во денешната посета на складиштето на Македонски шуми во Петровец истакна дека Владата континуирано ја следи состојбата со снабдување со огревно дрво на пазарот.

-Ние на секоја седница на Владата и на секоја седница на Комисијата за економски систем имаме координација со Македонски шуми, шумската полиција, Министерството за транспорт и врски, земјоделие и внатрешни работи со цел да се осигуриме дека потребните количини на дрва се обезбедени, подвлече Пешевски.

Цената, додаде тој е задржана исто ниво од лани па шпекулациите дека во текот на годината цената ќе оди на 3.500 денари се неточни. Цената на дрвата на Македонски шуми и количините кои што ќе ги испорача, гарантираат едно стабилизирање и задржување на истото ниво од мината година.

-Бидејќи побарувачката е поголема Македонски шуми превзема обврска евентуалниот недостаток го надоканади од увоз на дрва, активност која е координирана со Владата на Република Македонија. Испораките течат, така да очекуваме целосно стабилизирање на состојбата и сите потребни количини ќе бидат снабдени и граѓаните не треба да бидат загрижени дека ќе има недостаток на дрва и треба да почекаат цената кај приватните да се стабилизира бидејќи количините на Македонски шуми се сепак поголеми, заклучи Пешевски.

Македонски шуми од 1 до 22 септември испорачале скоро 70.000 метри кубни на граѓаните на ниво на Македонија, а заедно со приватни шуми дојдовме до бројка од 95.000 метри кубни.

-Тоа е знатно придонесе да се задоволи пазарот со дрва, односно да се зголеми конкуренцијата за огревно дрво. А тоа влијаеше и на сите други складови да цената се нормализира, паѓа и дојде на ланското ниво, појасни директорот на Македонски шуми, Жарко Караџоски.

Оваа година, потенцира Караџоски, побарувачката е зголемена и македонски шуми до овој период има испорачано повеќе од 36.000 метри кубни во однос на мината година, а според преоценките годината ќе заврши со 100.000 метри кубни повеќе од лани.

p13

Ангеле Сотировски, раководител на подружницата на Македонски шуми во општина Петровец, информира дека постојано доаѓаат дрва од останатите подружници на Македонски шуми и граѓаните се снабдуваат со огревно дрво.

– Секојдневно  доаѓаат по најмалку два шлепера  со држава. Секој ден имаме дотур на нови дрва. Денеска  веќе  е тргната композиција од Лопушник, Кичево, односно вагонски се носар дрвата на товарната станица во Ѓорче Петров и од таму се  дистрибуираат во другиот дел на Скопје, изјави Сотировски.

Цената, потенцира, е согласно  одлуката на Владата, 2.270  денари со ДДВ за буково и 2.470 денари  за дабово дрво, а дополнително се плаќа за товарот и транспортот.