петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 61

Пешевски: Органите на државата се максимално вклучени

Ситуацијата е прилично сложена, радува што целото население е вклучено во расчистување на теренот. Тесните улици се малку проблематични бидејќи механизацијата со која располагаме е од поголем обем, сега се користи до максимум она што се има и што може да влезе по улиците.

pesevski-640x357

Поврзани вести

Ситуацијата е прилично сложена, радува што целото население е вклучено во расчистување на теренот. Тесните улици се малку проблематични бидејќи механизацијата со која располагаме е од поголем обем, сега се користи до максимум она што се има и што може да влезе по улиците.

Ова го изјави вицепремиерот Владимир Пешевски кој денес ги посети поплавените населби Ченто, Економија и Камник.

Во наредните денови ќе дојде до расчистување, но ќе биде потребно повеќе време за да се воведе целосен ред. Во училиштето „25 Мај“ има пункт каде се дели храна и вода, но ќе направиме промена на системот да се направат повеќе пунктови бидејќи не секогаш храната стигнува до најзагрозените подрачја, луѓето се зафатени со чистење и немаат време да дојдат. Тука АРМ ќе помогне, но сите органи на државата се максимално вклучени, истакна Пешевски.

Најчитани вести