Пешевски: Отворањето нови работни места ни е прв императив

Извештајот на Институтот IBM, втора година по ред ја рангира Македонија на прво место по бројот на работни места од странски директни инвестиции и тоа е показател дека се водат правилни политики во делот на привлекување на странски директни инвестиции, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во гостувањето на вестите на Сител.

-Првиот пат резултатите од извештајот дојдоа како изненадување, изненадувањето беше по однос на високото рангирање. Разликата помеѓу нас и втората држава лани беше беше повеќе од два пати. Оваа година се повторува истата динамика, бројката е околу 2250 отворени нови работни места на милион жители. Ние повеќе пати имаме кажано дека стратегијата е повеќе фазна и повеќе годишна. Прво сакаме да го намалиме бројот на невработени во Македонија. Отворањето на нови работни места ни е прв императив и потоа постепено работиме на тоа да се направат локални лацни на снабдување, со цел локалните компании да даваат свои производи и услуги на странските компании бидејќи така се креира и богатство помеѓу нашето населените, вели Пешевски.

Податокот од 2014 година, вели дека во странските компании имало 6.200 вработени , а во овој момент има над 16.000.

Лани се најавија 30 инвестиции а оваа година до сега 17 компании најавија инвестиции, а проекциите компаниите покажуваат дека овие 16.000 ќе се зголемат на 30.000 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.