Пешевски: Пензискиот систем е стабилен, пензиите се исплаќаат навреме

пензиите

Ова го истакна денеска вицепремиерот Владимир Пешевски, одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за Целите за одржлив развој на ОН, во врска со извештаите на ММФ и Светска банка.

– Македонија, особено во делот на државниот долг, спаѓа меѓу најниско задолжените земји во светот. Во ред се сите забелешки како една долгорочна визија дека човек треба да биде внимателен, но мислам дека не постои никаков простор за најмала загриженост, напомена Пешевски.