Пешевски: Политичките партии мора да разговараат за доброто на оваа земја

Политичките партии мора да разговараат за доброто на оваа земја, за доброто на македонскиот народ и за враќање на Република Македонија кон патеката на понатамошен раст и развој, порача од својот фејсбук профил Владимир Пешевски.

„Немилите слики од вчерашните случувања во Собранието, не се слика на Република Македонија каква што јас ја гледам и каква што сакам да ја видам во иднина. Насилството врз пратеници од која и да политичка опција силно го осудувам и сакам да посочам дека употребата на физичко насилство не е начин за остварување на политички цели!“, Пешевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочува дека очекува надлежните институции да се однесуваат професионално во расветлување на овие тажни случки во македонската историја, а оние кои го предизвикаа насилството со соодветни докази да одговараат пред правдата.

Пешвски го осудува и политичкото насилство презентирано вчера во парламентот, обидот на сила, недемократски, неуставно, незаконски и надвор од деловникот да изберат претседател на Собранието, па макар по цена да се испровоцираат и конфликти од поголеми размери.

„Сепак и ова не оправдание за физичко насилство! Македонија мора да се врати на вистинскиот пат. Политичките партии мора да разговараат за доброто на оваа земја, за доброто на македонскиот народ и за враќање на Република Македонија кон патеката на понатамошен раст и развој. На сите пратеници и полициски службеници коишто претрпеа физички повреди за време на вчерашните немири им посакувам брзо закрепнување.  Одговорните за насилството мора да одоговараат за своите постапки“, пишува Пешевски на својот ФБ профил.