Пешевски: Преку програмата „Самовработување“ отворени се над 7.600 микро претпријатија

Владата креира низа мерки со кои го стимулира претприемништвото и дава поддршка на малите и средните претпријатија, а со тоа го стимулура побрзиот економски развој на Република Македонија, истакна Вицепремиерот Владимир Пешевски на отворањето на конференцијата „Европски ден на претприемништвото и европска недела на малите и средни претпријатија“.

Тој во своето воведно излагање истакна дел од мерките со кои Владата на Република Македонија го поддржува претприемништвото, отворањето на нови бизниси и подобрување на конкурентноста, кои се спроведуваат од повеќе државни институции.

Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека преку програмата Самовработување која ја спроведува Агенцијата за вработување во изминатите години се отворени над 7.600 микро претпријатија за кои се издвоени преку 25 милиони евра.

-На натпреварот за најдобар проект од програмата Самовработување кој се организаираше пред неколу недели имав можност да се сретнам и да зборувам со дел од лицата кои започнаа сопствен бизнис преку оваа програма. Ме радува што голем број на ми