Пешевски: Преку програмата „Самовработување“ отворени се над 7.600 микро претпријатија

дење на бизнис, а доказ за добрите политики е извештајот „Doing Business 2016“, на Светската банка, со кој Македонија се рангира на високото 12 место во светот и 6 место во Европа според условите за водење бизнис.

Потенцирајќи го значењето на малите и средни претпријатија кои се главниот столб на македонската економија, вицепремиерот Пешевски ги повика и охрабри сите  граѓани, а особено од помладите возрасни категории да ги реализираат своите идеи, да започнат сопствен бизнис и со добро планирање и посветена работа да ги остварат своите бизнис замисли.

Конференцијата „Европски ден на претприемачот“ се организира по јубилеен десетти пат во Република Макеонија, а организатори се Министерството за економија, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, градот Скопје,  Европската бизнис асоцијација, фондацијата Конрад Аденауер, Младинскиот културен центар од Битола и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.