сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Пешевски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон економски раст и развој на земјата

Победата на ВМРО-ДПМНЕ води кон отворање на нови работни места, изградба на инфраструктурата, инвестиции во здравството и образованието, поддршка кон земјоделците, пензионерите, социјалните случаеви, односно грижа и поддршка за сите граѓани, истакна Пешевски.

pesevsk-vladimir

Последни вести

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски денес оствари средба со граѓаните на Свети Николе на која информираше дека програмата за избори на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, најдобра и најсодржајна е досега.

„Базирана е на реалните потреби на граѓаните и насочена кон економски раст и развој на Република Македонија.  Победата на ВМРО-ДПМНЕ води кон отворање на нови работни места, изградба на инфраструктурата, инвестиции во здравството и образованието, поддршка кон земјоделците, пензионерите, социјалните случаеви, односно грижа и поддршка за сите граѓани“, истакна Пешевски во Свети Николе.

Најчитани вести