Пешак прегазен на тротоар во населба Црниче

Синоќа во скопската на населба Црниче на ул. Востаничка, патничко моторно возило со скопски регистарски таблички прегази пешак кој се движел на тротоарот.

Од МВР го потврдуваат случајот. Пешакот кој се здобил со телесни повреди веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар. Истрагата за настанот е во тек.