Економија

Пешевски договара посета на италијански авомобилски компании на Македонија

Пешевски договара посета на италијански авомобилски компании на Македонија

Владина делегација на Македонија, предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, во рамки на посетата на Италија денеска престојуваше во регионите Емилија Ромања и Тентино Алто Адиџе.

За време на посетата членовите на економската делегација остварија средба со генералниот директор на еден од водечките производители во автомобилската индустрија. За време на посетата на фабриката на компанијата беа претставени можностите кои Македонија ги нуди за компаниите од автомобилскиот сектор и воедно беше договорена повторна средба со менаџментот на компанијата на почетокот на идната година.

Исто така беше реализиран и состанок со претседателот на Ducati Energia, една од водечките произведители во делот на енергетиката, како и десетина други компании од различни индустриски сектори, производителни на трактори, производителни на земјоделска механизација, како и компани кој инвестираат во инфраструктура.

Врз основа на овие состаноци беа договорени посети на Македонија од страна на неколку италијански компании во првиот квартал на наредната година.

Во градот Клес, беше остварена средба со заменик претседателот на регионот Трентино Алто Адиџе, г-дин Диего Мосна, и беше остварена посета на групацијата Диатек која е меѓу водечките компании за визуелна технологија, печатење, производство на лепаци и слично.

Компанијата во монемтов ја скенира состојбата на три земји во Источна Европа, со цел инвестирање и проширување на својот бизнис, меѓу кои земји е и Република Македонија.

Врз основа на деталните разговори и споделените информации, менаџерскиот тим на компанијата најави дека ќе ја посетат Република Македонија, во текот на јануари 2014 година, со цел детално да ги запознаат можностите за инвестирање и карактеристиките на деловното опкружување.