Пешевски: Државниот испит ќе го верифицира знаењето на студентите

Професорот од Земјоделскиот факултет Миле Пешевски за Сител вели дека државниот испит ќе го верифицира знаењето на студентите.

-Концептот на државен испит во рамки на виското образование не е лош, треба да се поддржи со оглед на фактот дека во времето на општа глобализација во светот, а и во рамките на светскиот пазар на трудот и во околината конкретно, но и во рамките на стручните лица односно земјоделските инженери на пазарот треба да бидат конкурентни, смета Пешевски.

Тој додава дека државниот испит ќе даде поголема тежина на студентската диплома.

-Врз основа на сертификатот што ќе се добие после државниот испит ќе се верифицира нивното знаење, потенцираше професорот.

Досега поголем број на професори истакнаа дека студентите кои учат и знаат нема потреба да стравуваат од државен испит, потенцирајќи дека реформата во образованието не е против оние кои студираат.