Пешевски и Јанкулоска остварија средба со Оуен Џенкинс

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денес остварија средба со Оуен Џенкинс, директор на Директоратот за Западен Балкан и проширување во министерството за надворешни работи на Велика Британија, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.

Пешевски и Џенкинс ги истакнаа добрите билатерални односи помеѓу двете држави, притоа нагласувајќи ја важноста на Велика Британија како дводецениски доследен, принципиелен и веродостоен стратешки партнер на Република Македонија, давајќи постојана политичка и техничка поддршка за градење на нашата држава.

Вицепремиерот Пешевски, се заблагодари за поддршката која Велика Британија и ја дава на Македонија во процесот на евро – атлантската интеграција, потенцирајќи дека секоја поддршка на тој пат претставува исказ на пријателство и партнерство.

На средбата се дискутираше и за теми од областа на економијата.

Велика Британија е значаен трговски партнер на Република Македонија и е една од државите со која нашата земја со кои нашата држава остварува значителен обем на трговска размена. Во текот на 2013 година, вкупната трговска размена на Република Македонија со Велика Британија изнесуваше 806  милиони долари.

2500A2763C60A695FFC0288AF6F

Во таа насока за време на средбата соговорниците разговараа за реформите и проектите наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст, како и за понатамошен поттик на промоцијата на Република Македонија како атрактивна дестинација за инвестиции од страна на британските компании.

Џенкинс уште еднаш ја истакна поддршката на Велика Британија кон процесот на проширување на Европската Унија и ја охрабри македонската влада со ентузијазам и посветеност да продолжи со реформите кои се неопходни за приближување кон европските стандарди , но и подеднакво важни за унапредување на статусот и благосостојбата на граѓаните. Тој исто така нагласи дека вистинскиот пат за Република Македонија е континуирана ориентација кон европските вредности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.