Пешевски: Иванов даде поддршка за двата мега проекти за изградба на автопати

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, на митингот во Велес се осврна на големите проекти поврзани со инфраструктурата, а за кои поддршка добиле од претседателот Ѓорге Иванов.

„Иванов беше со нас во сите овие проекти, но не само со поддршка за законите, туку тој директно се вклучуваше во конкретни проекти. Имавме претседател на кого можевме да се потпреме. Иванов се вклучи во процедот на преговори во Џевахир холдинг, но и во преговорите за автопатиштата кои ги градиме со Кина. Успеавме да договориме и да почнеме со реализација на три нови автопати во должина на 155 км, кои се простираат и пробиваат низ најтешките предели, нешто што никогаш во историјата на нашата земја се нема случено,“ нагласи Пешевски.

Вицепремиерот истакна дека се реконструирале и обвновувале стари патишта, како што е автопатот Скопје-Велес, а ги рехабилитирале железничките правци по Коридорот 10 , но ќе граделе и нови железнички правци по Коридорот 8.

Пешевски додаде и дека успеале да реализираме и низа на стратешки инфраструктурни проекти, а изградени и обновени се и нашите два најважни аеродроми во Скопје и Охрид при што аеродромот во Скопје во последните две години е прогласуван за најдобар аеродром до 2 милиони патници во Европа.