Пешевски: Македонија годинава на 10 места повисоко од лани во конкурентноста

Македонија се наоѓа на 63-тото место по конкурентност во најновиот извештај на Светскиот економски форум, односно 10 места повисоко од лани, а тоа е исклучително позитивен сигнал за македонската економија.

Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот одговорен за економски прашња, Владимир Пешевски.

– Ова претставува второ значително последователно подобрување на рангирањето на конкуретноста на македонската економија која минатата година се подобри за седум позиции што значи дека за две години Република Македонија го подобри рангирањето за 17 позиции. Ова претставува втор најдобар резултат во Европа помеѓу сите европски држави во последните две години, истакна Пешевски.

Во следниот период, додаде тој ќе се работи на привлекувањето на таленти и задржувањето на висококвалификуваните кадри.

– Сите овие фактори ќе бидат детално анализирани на Националниот совет за претприемништво и конкуретност од каде ќе произлезат сет на мерки и сугестии за подобрување кои понатаму ќе бидат предложени до Владата, рече вицепремиерот Пешевски и доде дека во следниот период ќе се продолжи со активностите за подобрување на конкуреноста на македонската економија.

Македонија се повеќе се вбројува во најконкуретните држави во Европа.

– Заедно со Бугарија, која е неколку места пред нас, Македонија е подобро рангирана од Албанија, Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија, рече Пешевски.

Пешевски оцени дека извештајот покажува дека светот закрепнува од економската криза, со тоа што САД се повторно на третата позиција, а шест европски држави се на листата меѓу првите 10.

Најконкурентна економија во светот е Швајцарија, а нејзиниот успех се должи на ефикасноста, иновациите и макроекономската стабилност, иако земјата се соочува со тешкотии за наоѓање квалификувани работници. Додека пак на дното на листата е Гвинеја.