Пешевски на работна посета во Швајцарија

Македонска владина делегација предводена од Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Висар Фида, Почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири, од денес престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

Во текот на денешниот ден делегацијата одржа директни средби со највисокото раководство на неколку компании од областа на прехранбениот сектор, секторот за производство на машински делови и алати, како и од секторот за производство на опрема и системи за греење, ладење и вентилација. Средбите беа одржани во седиштата на компаниите, каде македонската делегација ги презентира поволните услови за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија.

Сопствениците на компаниите Оспелт и Хилти најавија и посета на нашата држава на почетокот од наредната година.

Prezentacija pred kompanija Prezentacija pred sopstvenikot na edna od kompaniite