Пешевски: Народот знае да процени кому ќе му ја даде довербата

Желбата да се води државата нормално е да ја има секој оној што се определил да се занимава со политика, но тоа не е доволно. Секогаш кога се има такви амбиции да се понесе одговорност и за други луѓе, многу е важен начин како сакате да го остварите тоа. Тука е и главната споредба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ова го истакна вицепремиерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски на денешната трибина на владејачката партија во Крива Паланка.

Тој рече дека не е доволно да се тргне во една битка без притоа да се води сметка за последиците за оние на кои планирате да им ја определувате судбината во иднина, на граѓаните.

-Ако во тој процес им нанесувате и штета на граѓаните, тоа е бескрупулозност, водење сметка само за личните интереси. Тука е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Народот знае да процени и крајната одлука на кого ќе му дадат доверба треба да се базира на тоа што некој ќе направи лично за вас, вели Пешевски.