Македонија

Пешевски оствари средба со амбасадорот на Израел

Пешевски оствари средба со амбасадорот на Израел

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања,Владимир Пешевски, денес оствари средба со амбасадорот на Државата Израел за Република Македонија, Дан Ориан.

Како што соопштуваат од кабинетот на вицепремиерот, соговорниците со задоволство ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, како и повеќегодишното пријателство кое Република Македонија го негува со Државата Израел.

– За време на средбата, беа разменети мислења од повеќе аспекти на односите помеѓу двете држави, потенцирајќи го интересот за натамошен развој на економската соработка помеѓу Република Македонија и Државата Израел, преку интензивирање на контактите и дијалогот на сите нивоа, стои во соопштението.

Пешевски го запозна својот соговорник со економските политики на Владата на Република Македонија, со спроведените проекти, како и со проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст, а притоа се разговараше и за можностите Израел да стане значаен трговски партнер на нашата земја.

Двете страни изразија желби за понатамошен поттик на економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена, воедно нагласувајќи дека и понатаму ќе останат посветени во однос на унапредувањето на билатералните односи на Македонија и Израел.