Македонија

Пешевски: ТУРЗ се стимул за повисок стандард

Пешевски: ТУРЗ се стимул за повисок стандард

Зоните се стимул за отворање на нови работни места. Тоа е само една од многуте мерки кои ги преземаме за подигање на стандардот на граѓаните во овој дел од земјата, вели вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски при гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија, откако денеска беше удрен камен- темелник на ТИРЗ во Виница и Берово.

Пешевски вели дека изградбата на ТИРЗ во Берово и Виница имаат за цел да ја спречат миграцијата на населението надвор од државата, да се обезбеди една подобра перспектива.

-Покрај изградбата на голем број регионални патишта, подобрување на инфраструктурата, изградбата на автопатот кон источна Македонија, веќе неколкуте постоечки економски зони, но и ове две нови зони ќе бидат стимул за луѓето да останат во овие краеви, бидејќи имаме интензивна миграција од овде најчесто надвор од земјава, но и оние кои привремено нашле работа надвор од земјава, да се вратат. Да ги задржиме луѓето, да им обезбедиме една перпсектива и за нив и за генерациите кои доаѓаат после нив, вели Пешевски.

Тој додава дека зоните се нешто помали од оние во Скопје, околу 20 и 30 хектари секоја од нив, но по потреба тие можат да се прошират. За зоната во Биница Пешевски вели дека е 17 хектари, се гради на земјиште кое е сопственост на државата и доколку има потреба самата зона може да се прошири.