Пешевски: Законските измени имаат за цел да ја подобрат бизнис климата во Македонија

Владата не ги менува законите зашто и е интересно, туку за да создаде што подобри услови за водење бизнис, како и за да ја усогласи македонската со европската регулатива, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски.

Законските измени, според него се носат секогаш кога постои можност или кога има барање од бизнис секторот, но и доколку се процени дека тоа може да го подобри системот.

– Владата не спроведува никакви промени зашто и е интересно, туку зашто смета дека со тоа се подобрува нешто во животот на граѓаните. Се додека е така, ќе правиме измени, потенцира Пешевски.

Една од карактеристиките по кои е позната оваа Влада, додаде, е токму подобрувањето на бизнис климата и условите за водење бизнис.

Пешевски додаде дека во изминатите 6 години комапниите го имаат зголемено нивото на инвестиции во Македонија за повеќе од 100 проценти.