Песков: Не е точно дека Путин добил дете

Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, денеска ги отфрли медиумските гласини дека рускиот претседател добил дете, пренесе МИА.

-Информацијата дека Путин добил дете е лажна, рече Песков за магазинот „Форбс“, коментирајќи ги извештаите на некои европски медиуми темелени на недоверливи извори, пренесе агенцијата ТАСС.

Песков наведе дека ќе ги праша луѓето кои имаат пари дали сакаат да организираат натпревар за најдобра „новинарска патка“.

На светската интернет мрежа кружат различни гласини и шпекулации за причините за отсуството од јавноста на Путин во последните неколку дена, па покрај теориите дека тој е болен, се појавија и тврдења дека е отсутен заради раѓањето на машко дете.

Рускиот претседател има две ќерки Марија (30) и Катерина (31).

фото: МИА