Песков: Бараме разумно објаснување од Турција

Штетата врз билатералните односи од нападот врз рускиот „Сухои“ тешко ќе се поправи и Русија бара разумно објаснување од Турција, рече претседателскиот портпарол Дмитриј Песков.

Неможе да се каже дека поправањето на оваа огромна штета врз билатералните (руско-турски) односи ќе биде навистина тешка задача. Ова е сериозен инцидент, со длабоки и неизбежни последици, рече Пасков, пренесува ТАСС.

Тој вели дека Русија мошне ги ценела билатералните релации на вистинските партнерски односи и заедничките придобивки што имале добри изгледи.

Секако, сеуште очекуваме објаснувања, разумни објаснувања од Турција, рече Песков.

Според него објективните податоци за инцидентот со рускиот бомбардер се јасен доказ дека бил изведен „криминалистички напад“ врз авионот на небото над Сирија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека тој лично дал наредба за рушење на бомбардерот. Повеќе информации за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.