„Песна на Евровизија“ отворена со свечено дефиле и прием

Овогодишната 60. церемонија „Песна на Евровизија“ отворена е синоќа со свечено дефиле на делегациите на земјите учеснички и прием во Градското собрание на Виена.

Сите делегации продефилираа со присуство на голем број новинари од целиот свет, како и повеќе илјади граѓани од Виена на црвениот килим кој беше поставен на плоштадот пред Градското собрание на Виена.

Плоштадот пред Гредскиот совет, кој не е само политички центар на Виена, туку и еден од бројните знаменитости на градот, беше во знакот на „Евровизија“, а и во наредните денови  ќе биде се во знак на овој голем натпревар, затоа што од денеска на тоа место се отвара „Евровизиско село“ каде ќе биде организирано дружење со фановите и јавно гледање на сите три натпревари.

Полицијата го затвори за сообраќајот овој дел од градот, затоа што многу фанови повеќе часови пред доаѓањето на пејачите чекале на пуштање на влез во ареалot наменет за нив.

Дефилето на црвениот килиm долг 200 метри започна со минатогодишнот победник на Евровизија, Кончита Вурст, а потоа почна пристигнување на делегациите, некои со автобуси, а некои со такси.

Градоначалникот на Виена, Миhael Хојпл, заедно со генералниот директор на австриската државна телевија (ОРФ), Александар Врабец и шефот на Европската унија на јавни емитери (ЕБУ), Џон Ол Сандо ги поздрави делегациите од 40 земји.

– Виена, како и „Евровизија“ е симбол на толеранција, порача Хојпл.

Македонскиот овогодишен претставник на Евровизија Даниел Кајмакоски, ќе настапи утре, на првата полуфинална вечер, под реден број 8, а со песната „Лисја есенски“.