Пет Аргентинци и Белгијка меѓу жртвите во првиот смртоносен напад во Њујорк по 2001-ва (ВИДЕО)

© REUTERS / Andrew Kellyl

Возачот на камионетот кој во вторникот газеше велосипедисти и пешаци на Менхетен, при што осум лица загинаа меѓу кои шестмина се странци, а единаесет се повредени, во првиот смртоносен напад во Њујорк по 11-ти септември 2001 година.

Меѓу загинатите се петмина Аргентици и Белгијка, потврдија министерствата за надворешни работи во Буенос Аирес и Брисел.

Пожарникарската служба соопшти за единаесет лица кои се примени во тешка, но не и критична состојба. Меѓу повредените се тројца Белгијци, потврдија во Брисел. Загината жена е од Рулер во Фландрија, а во Њујорк престојувала со мајката и сестрата, соопшти белгискиот министер за надворешни работи Дидие Реиндер.

Петте загинати Аргентинци биле од градот Розарио и „славеле 30-годишнина од матурата“, објави аргентинската дипломатија. Еден Аргентинец е и меѓу повредените.

 

Властите сметаат дека станува збор за терористички напад

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазо, го нарече нападот кој е изведен на празникот Ноќта на вештерките и неколку улици подалеку од местото на најтешкиот напад во Њујорк, „кукавички терористички чин“, но не го спомена џихадот.

„Тоа беше терористички чин, особено кукавички терористички чин насочен против невини цивили, луѓе кои го живееле својот живот и коишто не сфатиле што се случило“, рече де Блазио.

Функционери на американското министерство за внатрешна безбедност соопштиле за медиумите дека станува збор за терористички напад. Телевизијата CNN и весникот The New Yok Times, повикувајќи се на правосудни извори, пренесуваат дека е најдена порака од напаѓачот во којашто тврди дека нападот го извел во името на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш ја прозва организацијата Исламска држава и нареди засилена контрола на странците кои имаат намера да влезат на територијата на САД.

„Треба да се биде политички коректен, но не во вакви случаи. Не смееме да дозволиме Исламската држава да се врати и да влезе во нашата земја, откако е победена на Блискиот исток и на други места. Доста е!“, објави Трамп на својот акаунт на микроблогот Twitter.

Њујоршките медиуми повикувајќи се на очевидци велат дека напаѓачот излегувајќи од камионетот откако ги покосил минувачите извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем), повик кој го извикуваат најчесто извршителите на терористички напади од исламистички побуди. Доколку се покаже дека станува збор за џихадистички напад, тоа ќе биде првиот таков со ваква тежина на американска територија од доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

„Ова е тежок ден за Њујорк“, изјави градоначалникот Бил де Блазио посетувајќи го местото на нападот, југозападно од Менхетен, недалеку од споменикот на жртвите од 11-ти септември 2001 година.

„Од септември 2001 година знаеме дека сме цел…, ќе го продолжиме животот и нема да дозволиме тероризмот да победи“, изјави Ендрју Куомо, демократски гувернер на сојузната држава Њујорк.

Куомо најави зајакнати полициски мерки во американската финансиска престолнина којашто ја посетуваат глем број странски и домашни туристи. Додаде и дека напаѓачот, според досегашните информации, дејствувал сам.

 

Напаѓачот идентификуван како Узбекистанец, за соседите „среќен човек“

Властите досега не го објавија идентетот на напаѓачот. Полицијата само соопшти дека станува збор за 29-годишник кој откако излегол од возилото во двете раце имал нешто што наликувало на оружје по што од полицајците бил ранет во стомакот и уапсен, а потоа хоспитализиран, опериран е и е вон животна опасност. Додаде дека не се трага по други осомничени.

Американските медиуми пишуваат дека станува збор за 29-годишниот Сејфуло Хабибуљаевич Саипов, Узбекистанец кој живеел во градот Патерсон во сојузната држава Њу Џерси, каде што го изнајмил камионитет, но најдена е негова возачка дозвола од сојузната држава Флорида, на којашто е регистрирана адреса во градот Тампа. Патерсон е град со 150.000 жители познат по големата доселеничка заедница во којашто меѓу 25.000 и 30.000 луѓе се муслимани.

Како што изјавиле за телевизиската мрежа NBC News соседите на Саипов, тој имал жена и две мали деца. Од своја страна, неговиот пријател Кобилџон Матакаров, изјавил за телевизијата дека Саипов „бил многу среќен човек“. „Тој ги сакаше САД и тој не е терорист. Секогаш беше весел, секогаш беше насмеан“, тврди пријателот на осомничениот напаѓач.

Весникот The New York Times дознава дека Саипов, кој во САД се доселил во 2010 година, имал дозвола за траен престој ткн „зелена карта“, и работел како возач во компанијата „Uber“, и оти претходно живеел и на Флорида и во сојузната држава Охајо, каде што работел како возач на камион. Сепак, весникот додава дека бил „под присмотра“ на полицијата.

 

Училишен автобус го запрел камионетот на напаѓачот

Нападот се случи малку по 15 часот по локално време, 20 часот по средноевропско време, на брегот на реката Хадсон, каде што по сончевото време минувале многу велосепедисти и пешаци, во периодот кон крајот на октомври и почетокот на ноември кога Њујорк го посетуваат голем број туристи.

Многумина биле маскиран за прославата на празникот Ноќта на вештерките која секоја година со поворка се одбележува на Гринич Вилиџ. Поворката сепак се одржа, како што претходно било планирано, но со силни безбедносни мерки.

Камионетот, движејќи се со брзина од 100 километри на час, се залетал на велосипедската патека и на шеталиштето по брегот на реката Хадсон, соборувајќи велосипедисти и минувачи по должина од речиси еден километар, по што се забил во училишен автобс и морал да се запре, извести на прес-конференција комесарот на њујоршката полиција Џејмс О’Нил.

Во сударот на камионетот и училишниот автобус повредени се две деца и две возрасни лица. Шест лица починале на самото место на нападот а уште две во болниците.

Возачот потоа излегол од возилото вооружен со воздушна пушка и пушка за пејнтбол, а полицијата стрелала во него и го уапсила.

Шеталиштето е во близина на местото на коешто стоеја некогаш „кулите близначки“ урнати во терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар од 11-ти септември 2016 година, кога беа убиени повеќе до 2.600 луѓе.

РИА Новости https://ria.ru/world/20171101/1507954781.html/© 2017 Associated Press