Пет деца загинаа во пожар во Тексас

 

Пет деца загинаа при пожар кој зафати монтажна куќа во градот Една, Тексас.

– Кога пожарникарите стигнаа на местото на несреќата, веќе беа изгорени 60 до 75 отсто од монтажната куќа, во која живееше семејството, изјави шефот на противпожарната бригада Ник Страус.

Шестмина пожарникари влегоа во куќата за да ги пронајдат децата, но мораа да се повлечат, откако покривот делумно се урнал, а подот почнал да пропаѓа.

Имињата на децата не се објавени, но станува збор за две девојчиња на возраст од пет и шест години и за три момчиња на возраст од девет, 13 и 15 години, додаде Страус.

Родителите на децата Џон Хернандез (30) и Анабел Ортиз (32) стоеле по доаѓање на противпожарната екипа пред нивната куќа, а со нив било нивото шесто дете.