Пет дронови забележани на повеќе места во Париз

Пет беспилотни летала биле забележани во текот на минатата ноќ на повеќе места во Париз, меѓу кои и над американската Амбасада, јави дописникот на МИА од Париз.

Прелетувањето е забележано меѓу полноќ и шест часот изутринава. Меѓу места на кои се регистиррани леталата се и амбасадата на САД, плоштадот Конкорд и Ајфеоловата кула.

Првиот дрон бил забележан во близината на Амбасадата на САД веднаш по полноќ. Но, истовремено други дронови ги прелетале и Ајфеловата кула и плоштадот Конкорд, што според истражните органи, укажува дека се работи за координирана акција.

Ноќта меѓу 19 и 20 јануари биспилотно летело прелета и над Елисејската палата.

Оваа нова појава на беспилотни летала доаѓа по минатогодишното редовно надлетување со дронови над француските нуклеарни централи.