сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 0

Пет едноставни техники за расположување за пет минути

Една од најдобрите работи на која може да ви текне кога сте во лошо расположение е дека вие ја имате моќта да го смените тоа. Можеби сте чуле од некаде или некој некогаш ви кажал дека најобичната насмевка, дури и кога сте вознемирени, ќе ви помогне многу во битката со негативните мисли. Не ве излажале! Ако тоа не ви помогне пробајте ги овие начини, тие ќе ви помогнат да се расположите за миг.

1200x600

Поврзани вести

Потчукнување

Дали сте знаеле дека имате различни точки низ целото ваше тело кои различно реагираат на физички притисок?

Со потчукнување или притискање на овие точки ќе можете ќе можете да ја трансформирате вашата негативна енергија во позитивна. Овој начин лесно се справува со тага, лутина и анксиозност.

Доколку сте заинтересирани за овој метод, прочитајте нешто повеќе на интернет; потребно е помалку од пет минути за да почувствувате разлика.

Јадете здрава храна

Гладот е едно чувство кое може да не направи многу негативни личности и склони на напади на лутина.

Како и да е, имајте на ум дека треба да се храните здраво. Храна која е блага и има многу калории може да го има спротивниот ефект.

Некои од подобрите опции се чаша бадемово млеко или храна која е богата со магнезиум.

Одредени мириси (ароматерапија)

Истражувањата велат дека мириси како оној на портокалот или лавандата можат да ја намалат анксиозноста додека можат да ви го кренат расположението.

Едно од овие истражувања вели овие амбиентални мириси биле поставени во чекална на стоматолошка ординација и пациентите биле почувствуале намалена анксиозност и подобрено расположение додека го чекале својот ред.

Ова било споредено со луѓе кои биле во чекалната и слушале пријатна музика и со луѓе на кои не им било пуштано музика ниту пак мирисите на портокалот и лавандата.

Правете нешто надвор

Истражувачи од Британија забележале дека прошетка надвор во „природна“ средина е подеднакво ефикасно како антидепресиви.

„Зелени вежби“ какви што се прошетка во природа, па и периферијата на градовите се поебно ефикасни во негирање на лошите расположенија.

Убедувајте се себе си; користите позитивни афирмации

Едно од најтешките работи кои треба да ги правиме е да го замолкнеме тој крајно негативен дијалог во нас кој ни ја мати главата и не дава да се расположиме. Се што треба е воочиме дека можеме да се бориме со тој негативен глас со позитивен.

Користите фрази како:

  • Ќе успеам во моите намери бидејќи имам успеано и порано
  • Јас сум паметна личност и можам да ги завршам сите обврски во денот
  • Денеска ќе рушам бариери и ќе ги надминам предизвиците
  • Сите грешки кои ќе ги направам денес ќе ми помогнат да успеам во иднина

Најчитани вести