Пет европски градови кои мора да ги посетите

Ако сакате да патување, да посетувате нови места, предели, градови и да запознавата нови места, тогаш еве еден предлог и од нас. И додека многумина уживаат да ги посетуваат познатите метрополи ние ве водиме во мали, тивки, прекрасни градови.

 Ерез де ла Фронтера, Шпанија

Колевка на андалузиската култура, овој град е преполн со винарии со познати слатки вина, елегантни коњи и фламинга, а неретко се случуваат и најразлични хедонистички фестивали. Прошетката околу стариот град со тврдина од 11 век и шеталиштето украсено со дрвца од мандарини, го претставуваат само воведот на убавините, а главната работа која ја крие овој град се винариите во кои се произведува, се чува и се продава познато вино.

 Лавов, Украина

Уште на прв поглед е јасно зошто жителите на овој град тврдат дека е најмал советски град во Украина. Стариот центар на градот Лавов, уште од 1998 година се наоѓа на листата на УНЕСКО, како град со совршен спој на традицијата од источна Европа со италијанската, германската и други етнички групи кои оставиле длабока трага во него. Најубаво е да се прошета центарот на градот во недела наутро, бидејќи низ празните улици одекнува црковната служба. Ноќниот живот е богат, со шармантни кафулиња, клубови и пивници, што го прават овој град вистинска алтернатива за Прага или Краков.

Динар, Франција

Град на крајбрежјето на Бретања, во себе го носи носталгичниот шарм на дваесетите години на минатиот век. На неговите плажи уживале многу познати Британци, од Черчил до Алфред Хичкок, најверојатно во оние сино-бели костими за капење кои ги облекувале и соблекувале во препознатливите шатори. Посебна убавина на овој град се викторијанските вили, но и шеталиштата под месечината. И Пикасо бил голем обожувател на ова место и многу често доаѓал да ужива во фантастичниот поглед кој ја будел неговата имагинација.

Акурејри, Исланд

Случајно поставен на врвот од ледено-сините фјордови, со планини во позадина, Акурејри е далеку понапред од главниот град Рејкјавик. Во центарот на „Главниот град на северот“, како што го нарекуваат, се наоѓаат многу опуштени кафулиња во париски стил и барови кои служат одлични колачи и кафе, а во рестораните може да ги пробате локалните специјалитети како коњското месо. Во летниот период, кога сонцето никогаш не заоѓа, може да отидете и на полноќен голф во Акурејрискиот голф клуб.

 Ротердам, Холандија

Фантастичната архитектура е заштитниот знак на Ротердам. Се создала како последица од неговото уништување во Втората светска војна и поради тоа, во наредните децении Ротердам се претворил во единствен пример за модерната естетика во Европа. Градот е познат по уметноста, што е одлична причина за посета, а ноќниот живот го претвора во место каде што доминираат пивниците, кафулињата, космополитските ресторани и барови, кои повеќе одговараат на Амстердам.