Пет факти за лезбејскиот секс

Девојките (но, и мажите) кои уживаат во истополова љубов се енигма за хетеросексуалните парови. Ова се факти за лезбејската љубов кои ја истражиле колумнистите на „Хафингтон пост“.

Геј девојките ги иритира поголем дел од овие прашања и недоумици, но колумнистите решиле да ги демистифицираат за подобро да се разберат „припадниците на хомосексуалната зедница“.

  1. ШТО ТИЕ ПРАВАТ?

Начинот на кој лезбејките имаат секс варира како и кај хетеросексуалните парови. Жените се склони на повеќекратни оргазми и во овој вид на однос, постојат орален и анален секс, пенетрација и се’ како кај сексот помеѓу маж и жена.

  1. ДАЛИ ЕДНА ОД ЖЕНИТЕ Е „МАЖ“

Ова прашање на лезбејките им е урнебесно смешно, бидејќи зборува за многу строго втемелени полови улоги во оштеството. Искрено, велат, се е личен избор. Нема поделби една жена да „глуми“ маж. Исто така, нема стриктна поделба една секогаш да е оре, друга доле. Улогите како и позите често се менуваат, понекогаш и во текот на сексуалниот однос.

  1. ДАЛИ Е ПОЕДНОСТАВНО БИДЕЈЌИ И ДВЕТЕ СЕ ЖЕНИ, ПА „ЦАКИТЕ“ ИМ СЕ ПОЗНАТИ

Не. Како и кај хетеро лицата потребно е време да се открие кому што му годи и во која мерка. Некои жени дури и не знаеле што да работат со својата партнерка кога тргнале во „акција“. Потребно е доста разговор и емотивно вложување да сексот да биде добар.

 

  1. ЗОШТО ЖЕНИТЕ БИРААТ ЖЕНИ КОИ ЛИЧАТ НА МАЖИ АКО САКААТ ЖЕНА ВО ВО КРЕВЕТ?

Иако делуваат „како мажи“, тие жени се жени. Мажите се мажи и тоа секогаш ќе биде така. Лезбејките велат дека ги привлекува женското тело без оглед како е „спакувано“, како и женскиот мозок. Мажите немаат гради, поинаку се разбираат. Лезбејките велат дека можат да се дружат со мажи, но не и да се поврзат емотивно.

  1. ДАЛИ БАКНЕЖОТ НА ЖЕНА ВО УСТА ЗНАЧИ ДЕКА СУМ ЛЕЗБЕЈКА?

Не мора да значи. Денешната култура многу значење му придава на „етикетирањето“, но еден бакнеж не значи дека девојката е геј.

lez2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.