Пет фактори кои ќе ви помогнат да бидете пастув во креветот

Еректилната дисфункција не се лекува исклучиво со помош на чудотворните сини пилули. Всушност, постојат неколку променливи фактори, како што се телесната тезина, конзумирањето алкхол, физичка активност, кои може да помогнат, но и да одмогнат во функционирањето на машкиот полов орган.

Во текстот објавен во „Магазин за сексуална медицина“ се наведува дека се испитани 765 мажи на возраст меѓу 35 и 80 години во Австралија, кои одговарале на прашања врзани за сексуалната желба, сексуалната активност и сексуалните
потреби. Покрај тоа, во прашалникот внесувале податоци за телесната тежина, физичката активност, депресија, спиење. Истражувањето траело пет години, а по анализата на резултатите, објавен е заклучок.

Тежина

Потребно е вашиот партнер да одржува одговарачки индекс на телесна маса (БМИ), затоа што мажите кои се дебели имаат многу ниско ниво на тестостерено, кој што, очигледно, игра голема улога во сексуалната функција.

Спиење

Ако сте забележале дека вашиот партнер повеќе наутро не е расположен за секс, можеби е тоа поради нарушување на сонот, до кое може да дојде поради ’рчење. Тоа, понатаму, влијае на нормалниот циклус на ноќна ерекција. Кога сето тоа ќе се собере, доаѓа до тоа партнерот повеќе не може наутро да постигне ерекција.

Вежбање

Редовното вежбање е причина за многу подобар секс и кај мажите и кај жените. Покрај тоа, постојано сте тонирани и многу поиздржливи ако редовно вежбате, воедно губите и килограми, а со самото тоа и подобро се чувствувате во својата кожа.

Исхрана

Ако го намали нивото на лош холестерол, вашиот партнер ќе го подигне нивото на „машкиот хормон“ – тестостерон. Освен тоа, покаченото ниво на шеќер во крвта кај мажите влијае на функционирање на нервните завршетоци во пенисот.

Алкохол

Можеби ќе ве изненади, но малку алкохол всушност им помага на луѓето со проблематична исхраа. Еден до два пијалоци дневно го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни проблеми.

Истражувања на животни покажале дека висок процент на алкохол во крвта доведува до контракции на пенисот, а тоа, всушност, би требало да се случува за време на сексуално возбудување.
Алкохолот делува потиштувачки на централниот нервен систем, поради што доаѓа до слабеење на реакциите на сексуална стимулација.