Пет фризури што треба да ги пробате годинава

Годинава ќе биде популарен природниот изглед. Трендсетерките се повеќе ја прифачаат модата на природна текстура и индивидуалност. Само замолете го вашиот фризер да ви направи фризура што ја следи текстурата на вашата коса.

  1. Паж од 1920-тите

frizura-2016-3

Додека долгиот паж е сеуште во мода, годинава ќе гледате како класичната паж фризура станува се пократка. Паж фризурата од 1920-тите е добра алтернатива ако сакате да пробате кратка, стилизирана фризура што е лесна за одржување.

  1. Долги слоеви со текстура

frizura-2016-4

Ако имате долги кадрици, замолете го вашиот стилист за слоеви со текстура. Оваа фризура ќе и даде на вашата фризура форма, а ќе ви овозможи поприроден изглед.

  1. Долга паж фризура

frizura-2016-5

Долгиот паж останува во мода и годинава. Тоа е совршена фризура за сите видови коса и е навистина единствен. Годинава, вашата паж фризура треба да биде настрана со помалку слоеви и порафиниран пресек.