Пет години подоцна: Пророштвото на синот на Гадафи се остварува

Голем број Либијци и добар дел од светската јавност признаваат дека младиот Сеиф Гадафи во својот говор пред почетокот на протестите против неговиот татко точно ја предвидел моменталната ситуација на терен.

Кога во источна Либија во февруари во 2011-тата година избија протестите против режимот на Мохамер Гадафи, по пет дена на државната телевизија Сеи ал-Ислам Гадафи, синот на Мохамер и најверојатниот наследник одржа говор. Сеиф по познатиот говор, меѓународно беше обвинет за поттикнување насилство, но многу малку луѓе обрнаа внимание на неговите предвидувања за иднината на Либија. Пет години подоцна повеќето од она што младиот Гадафи го предвиде се покажа како точно.

Меѓу останатото, тој предвиде дека Либијците нема да имаат сигурност, дека земјата ќе падне во хаос и беззаконие, дека голем број Либијци ќе умрат, дека Западот ќе интервенира, а дека економијата ќе пропадне, затоа што нафтата „ќе престане да тече“. Тој исто така ги предупреди Либијците дека голем дел од нив ќе бидат раселени во и надвор од земјата и на тоа дека фанатичните исламски организации ќе заземат некои области, ако не и сите.

Сеиф ал-Ислам Гадафи тогаш говореше речиси 40 минути, предвидувајќи дека изворите на нафта ќе бидат спалени, а дека она што ќе остане тешко дека ќе биде корисно за земјата. И навистина, во првите девет месеци од 2015-тата се произведуваше само по 40.000 барели сирова нафта дневно, што е значително под просекот од 1, 65 милиони барели дневно во 2010-тата година. Голем број нафтени резервоари од кои што се снабдуваа градовите беа запалени, а голем број терминали беа преземени од страна на вооружените милиции што требаше да ги штитат. Рестрикциите на струјата станаа секојдневие во Либија од 2011-тата.

Тој тогаш…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.