Пет години подоцна: Пророштвото на синот на Гадафи се остварува

Тој тогаш предвиде дека неговата земја би можела во целост да биде поделена, како што тоа се случуваше пред земјата да стекне независност во 1951-та година. Тогаш беше поделена во три региони: Триполитанија, Киренаика и Фезан. Пет години по револуцијата, Либија оди се поблиску кон таа ситуација затоа што нема цивилна влада, единствена војска и државна безбедност.

Младиот Гадафи говореше и за достапноста на оружјето и последиците. Сега се проценува дека во рацете на жителите има речиси 20 милиони оружје, што може да појасни зошто стапката на убиства е во посратс и зошто и малите расправии лесно може да се претворат во племенски војни.

Тој ја предвиде страшната иднина за својот народ кој пет години ја живее истата таа иднина. Тој најави дека Либија „можеби ќе се врати во деновите на сиромаштија“ што всушност и се случи. И покрај недостатокот на официјални бројки, запазувањата покажуваат дека илјадници семејства едвај составуваат крај со крај. Според податоците на ОН најмалку половина милион луѓе се раселени од нивните домови во земјата. Голем број од нив живеат во бегалски кампови и зависта од добротворните организации. Црните Либијци се исложени на тешки одмазди затоа што бунтовниците ги означија како следбеници на Гадафи.

Либискиот банкарски систем полека се руши под тежината на корупцијата и проневерите а пред се поради недостатокот на ликвидност, што им отежнува на луѓето да ги подигнат сопствените заштеди. Владините службеници платите ги земаат со три месеци задоцнување. Сеиф ал Ислам тогаш исто така истакна дека Либија не е Тунис или Египет затоа што „неа ја чинат племиња и кланови, кои што отежнуваат општеството повторно да се обедини ако некогаш пропадне“.

Пет години подоцна се гледа дека бил во право. Граѓанската војна од 2011-тата година ги подели Либијците долж племенските линии, што дополнително ја турка земјата кон поделба и што исто така и отежнува на било која централна власт да се вкорени. И денес, Либија има две различни влади што се натперваруваат за власт. Владата на национален договор што беше поддржана од ОН веќе е во неволја уште пред да добие можност да положи заклетва.

Денес Либија е дом на сите видови фундаменталисти и терористички групи, без разлика дали се работи за ал КАеда на југ или во градовите Сирт и Сабрат. Сабрат беше мета на американско бомбардирање на 19-ти февруари, што однесе речиси 40 животи, со објаснување дека е нападнат камп за обука на ИД. На југот на Либија долж границата со Чад и Нигер, Ал Каеда доминира со трговијата со луѓе, оружје и мигранти поради недостатокот на силната либијска влада која ќе биде во состојба да ги контролира границите.

ИД бара држава во која ќе се практикува нејзината верзија на исламот, а исламистичката влада во Триполи веќе почна да ги разгледува сите закони и да ги доведува во согласност со шеријатот, што дополнително овозможува исламистичката пропаганда да доминира. Проповедниците и верските фанатици сега ги водат џамиите и нудат ТВ и радио програми што ги индоктринираат умовите на младите Либијци и ги отуѓуваат од исламот што во минатото го практикувале.

Гадафи предвиде и дека странските интервенции во Либија ќе им отежнат на Либијците да се помират меѓусебно. Со Либија денес доминираат регионалните и меѓународните сили, посебнио Катар, Египет, Турција и секако постојаните членови на Советот за безбедност на ОН кои диктираат што треба, а што не треба да се случи во земјата.

Гадафи ги предупреди Либијците дека Западот нема да прифати било каков облик на исламски емират на либиската обала во непосредна близина на јужните европски граници. Денес, Западот, а особено Франција – подготвува нова интервенција во Либија со цел да ја протера ИД од Сирт и од другите градови.