Пет години затвор за професор кој сексуално вознемирувал ученичка

Професор стар 55 години, под обвинение дека во Неготино сексуално вознемирувал ученичка, доби петгодишна затворска казна во Основниот суд во Велес.

Покрај таа казна, на која што може да се жали, нему му е изречена и забрана за вршење на професијата во траење од една година.

До правосилноста на пресудата, која ќе уследи ако не се жали во Апелациски, а потоа има можност да се жали и во Врховен суд, тој се наоѓа во домашен притвор.

Професорот беше обвинет минатата година дека во неколку наврати, во училишната библиотека повикувал 15-годишно девојче од училиштето. Кога девојчето ќе дошло во библиотеката, тој го допирал по телото и по интимните делови, стои во обвинението, кое судот го прифати.