Пет години затвор за професорот кој обљуби малолетничка

Професорот Т.Б. (55) од Неготино кој сексуално вознемирувал ученичка, во Основниот суд во Велес е осуден на 5 години затвор.

Освен што доби затворска казна, Т.Б. доби и забрана за вршење на професијата во траење од една година. До правосилноста на пресудата, тој се наоѓа во домашен притвор.

Тој минатата година беше обвинет за кривичното дело обљуба преку злоупотреба на службена должност.

Според обвинението, професорот, во неколку наврати, во училишната библиотека повикувал 15-годишно девојче од училиштето. Кога девојчето ќе дошло во библиотеката, тој го допирал по телото и по интимните делови.

Случајот бил пријавен во полиција, по што професорот бил приведен во неготинската полициска станица, каде што негирал дека го злоупотребувал девојчето.