Пет години затвор за возачот што уби новинарка кај „Зебра“

Пет години затвор за возачот што уби новинарка кај „Зебра“
Пет години затвор за возачот што уби новинарка кај „Зебра“
Бојан Блажевски, кој во јули годинава ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, е осуден на пет години затвор.

Блажевски на првото рочиште се извини за несреќата и изрази жалање.

Минималната казна за ова дело, тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, е четири години затвор.

На претходното судско рочиште, Блажевски ја призна вината
На претходното судско рочиште, Блажевски ја призна вината

Во крвта на Бојан Блажевски (37) по несреќата беа пронајдени 1,52 промили алкохол, а во урината 2,41. Кај него биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива.

На претходното судско рочиште, Блажевски ја призна вината.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.