Магазин

Пет грешки при варењето јајца за Велигден

Пет грешки при варењето јајца за Велигден

За да не ви се случи за Велигден да останете со мноштво испукани јајца што ќе бидат неупотребливи за бојадисување, еве што треба да избегнувате.

Иако нема некоја голема филозофија во подготвувањето варени јајца, сепак овие грешки во подготвувавето на јајцата може да го расипат општиот впечаток.

Користите погрешно тенџере

Во никој случај немојте да се обидувате да сварите повеќе јајца во мало тенџере. Освен тоа што некои јајца нема добро да се сварат, друг дел ќе испукаат поради притисокот.

Немојте да ставате неварени јајца во вода што врие

Ако мислите дека на тој начин ќе го скратите процесот на варее, тогаш се лажете. Правило број еден е јајцата да ги варите во студена вода. На тој начин температурата подеднакво ќе расте, јајцата ќе се сварат рамномерно и нема да испукаат.

Немојте да варите свежи јајца

Тврдо сварените јајца може да бидат незгодни за лупење. Колку јајцата се постари, толку полесно ќе можете да ја извадите лушпата од нив.

Преварени јајца

Ова може секому да му се случи, но доколку не сакате да добиете јајце што изгледа како да неможе да се јаде, тогаш никако немојте да го варите подолго од 10 минути.

По варењето измијте ги јајцата во студена вода

Кај јајцата, но и кај други производи процесот на варење не престанува оној миг кога ќе го тргнете тенџерето од шпоретот. Доколку не сакате да ги преварите јајцата, тогаш измијте ги во студена вода веднаш по варењето.