Пет холивудски дами ја открија тајната на младиот изглед

Џенифер Лопез, Ева Мендез, Кристина Милан… Овие дами изгледаат и по 15 години помладо, а тајната се крие во следните ритуали…

До 8 часот наутро Џенифер Анистон веќе завршила со спининг, јога и тренинг во теретана… На ист начин и другите познати дами обожаваат да го започнуваат денот со програма вежби што одговара на нивните потреби. Тие го затегнуваат телото, влијаат на изфрлањето на штетните токсини и ја одржуваат енергијата на повисоко ниво.

Покрај тоа, холивудските убавици во своите ритуали ги напоменуваат и квлаитетните козметички средства што се задолжени за зачувување на нивната убавина. Овие дами како од година во година да изгледаат се помладо, а еве како им успева.

Џенифер Лопез – 47 години

jenifer-lopez

Џенифер Лопез е горда на нејзините облини, а уште од младоста е мошне строга кога станува збор за исхраната. Не пие алкохол и се држи само до нискокалоричната храна, а неодамна изјави дека не се сеќава кога последен пат јадела торта. Луда е за кремата за лице Др. Хаушка што ја користи секој ден. Секое утро трча, а покрај тоа вежба јога и барем пет пати неделно вежба кардио вежби.

Ева Мендес – 42 години

eva-mendes

Згодната Мендес неодамна го роди своето второ дете, што поради долгогодишниот здрав начин на живот на нејзината линија воопшто не се одразува. Веќе со години наназад Ева вежба по два часа во теретана три пати во текот на неделата, трча, се занимава со планинарење и вежба јога. Ева секое утро пие топла вода со лимон и лудља е по кокосово масло, што го користи за лицето, косата и телото.

Џенифер Анистон – 47 години

aniston

За 47-годишната Џенифер често велат дека го има најдоброто тело во Холивуд, а за таа титула симпатичната Анистон мораше и да се потруди. Таа станува во 4.30 часот наутро за да вежба. Таа прави интензивни вежби на велосипед и јога, заедно со нејзиниот личен тренер. Потоа оди во теретана каде прави други вежби. Актерката ги посетува најдобрите дерматолози и ги обожава CACI ласерските третмани, но е верна на еден едноставен хидратантен прозивод, на кремата Aveeno Daily Moisturising Lotion.

Кристина Милан – 34 години

kristina-milan

Убавата пејачка и актерка има 34 години, но поради нејзината младоликост таа може да се спореди со некоја дваесетгодишна жена. На нејзиното лице сеуште не се појавиле првите бори, а нема ниту подочници и телото и е во завидна форма. Секој ден трча и вежба во теретана, трча со ќерката Вајолет и вежба танцови точки со нејзините танчери. Се храни здраво и чисто но без преголеми одрекувања. Ги користи Kiehl’s производите за кожа и на сите жени им препорачува да носат вештачки трепки.

Софија Вергара – 43 години

sofija-vergara-1409125855-45430

Прекрасната Софија во повеќе интервјуа изјави дека не сака да вежба, но знае дека телото е мошне важно за актерската кариера па самата се присилува. Нејзиниот личен тренер Гинтер Петерсон откри дека Софија на тренингот прави повеќе клекнувања, но и вежби за рамениците – за да ја нагласи тенката половина. Секој ден Петерсон за неа прави нови вежби, за да не и’ биде здодевно. Софија обожава чиа семки и секогаш е дотерана и смета дека е важно жената секој ден да има маскара и кармин на усните. Ја користи кремата „ Camille Obadia Anti-Age Cream Yam Princeps “.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.