Пет идеи за оригинални коцки мраз за ова лето

Летото, календарски само што не пристигна, а со доаѓањето на топлите денови најдраг ритуал ни е пиењето освежителни пијалаци.

Мора да признаете дека една од главните улоги во подготвувањето летни пијалаци ја имаат коцките мраз што ни помагаат да ги преживееме летните горештини.

Еве неколку идеи за оригинални коцки мраз за вашите летни пијалаци.

  1. Замрзнете црно вино

Ако сакате да уживате во сангрија, тогаш смрзнатите коцки вино ќе го разладат овој пијалак, а истовремено нема да го разредат како обичните класичните коцки мраз.

  1. Замрзнато овошје

Свежо исеченото овошје како лубеници или дињи можете да го замрзнете и да го ставите во лимонада со што ќе постигнете целосно нова димензија на овој освежителен пијалак.

  1. Замрзнете кафе

Дел од подготвеното ледено кафе ставете го во калапи за мраз и замрзнете го, а замрзнатите коцкички кафе ставете ги во леденото кафе. Кафето подготвено на овој начин веќе никогаш нема да има разводнет вкус.

  1. Замрзнете сок од портокал

Кога подготвувате мимоза коктел, нaмeсто сок од портокал, виното промешајте го со коцкички смрзнат сок од портокал.

  1. Замрзнете цеден лимон

Во ледениот чај наместо коцкички мраз, можете да ставите коцкички смрзнат цеден лимон со што дополнително ќе го збогатите вкусот на овој познат пијалак.