Македонија

Пет илјади апликации за субвенции поднесени во велешко

Пет илјади апликации за субвенции поднесени во велешко

Околу 3,5 илјади земјоделци од општините Велес, Градско и Чашка досега поднеле 5 илјади апликации за добивање субвенции до подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави МИА.

Најголем дел од апликантите поднеле барања за добивање на субвенции за житни култури, а имало и многу апликанти за субвенционирање на сточарството.

Споредено со минатата 2014 година бројот на апликации е зголемен за стотина. Тасков потсетува дека рокот за субвенционирање кој траеше до 31 мај е продолжен до 30 јуни годинава.

– Пролонгирањето на рокот е бидејќи голем дел, претежно од сточарите не можеа навреме да ја обезбедат потребната документација, поради што надлежното Министерство го продолжи рокот, а  се’ со цел и овие земјоделци и сточари да можат да аплицираа за добивање на субвенции од државата, информирал Тасков.