Македонија

Пет илјади евра за кирија се малку, Шекеринска бара уште илјада евра за апанажа

Пет илјади евра за кирија се малку, Шекеринска бара уште илјада евра за апанажа

Бура од реакции предизвика вчерашното барање за апанажа на пратеничката група на СДСМ, не толку поради тоа што тие го искористуваат ова законско право, туку поради фактот што не го признавааат Парламентот, ама парите од него ги сакаат за себе, пишува „Курир“.

Во изминатиот период, особено заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска беше меѓу најгласните во намерата да го оцрни Парламентот. Ја напуштија неговата работа и го убедуваа членството да издржи, но тие се решија да побараат и земат апанажа.

Токму на ова вчера посочија и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои изјавија дека Шекеринска лицемерно бара апанажа од пратениците за кои вели дека се дојдени на власт, според нив, на  нелегитимни избори.

„Ова нема врска со морал и етика. Шекеринска барањето го достави кусо пред рокот. Таа свесно не се стави себе си на пратеничка листа, сега бара пари, а нејзините сопартијци ги натера да поднесат оставки. Таа ги „вози“ своите колеги, а должна е да им го објасни нејзиното барање“, вели  пратеникот Ромео Тренов.

Тој уште обвини дека Шекеринска успешно „пере“ по пет илјади евра месечно за кирија, а сега ќе земе плус 1.000 евра.

Пресметките говорат дека Шекеринска, освен тоа што  преку нејзиниот сопруг  зема по пет илјади евра кирија, за стан кој сами на себе го издаваат, таа не се откажува и од правото на апанажа.

На претходните две седници за именување им беше доделена апанажа на вкупно 26 пратеници од СДСМ, кои јавно го оцрнуваа и не го признаваа Парламентот, што според пресметките државата ќе ја чини 1 милион и 600 илјади денари за еден месец, а на годишно ниво Парламентот кого не го признаваат приближно ќе им исплати близу 20 милиони денари.

На листата пратеници кои ке добијат апанажа се и Билјана Казанџиска, Менде Диневски, Ленче Николоска, Сафет Бишевац, Станка Анастасова, Самка Ибраимовски, Тања Томиќ, Маринела Тушева и Весна Бендевска.