Пет карактеристики што се неопходни за успешно предводење на тимот

Емотивната интелегенција е клучна компонента за ефикасно раоводење. Способноста добро да се познавате себе си си сопствените емоции, но и да бидете свесни за однесувањето и реакциите во секоја ситуација се моќно оружје за предводење на тимот.

Ако сте свесни за сопствените и туѓите емоции, ги разбирате и подготвени сте да одговорите на нив, ако сте во состојба за миг да го надминете стресот, ако сфаќате како вашите зборови и постапки влијаат врз другите, тоа психолозите го опишуваат како емоционална интелегенција.

Следниот пример покажува колку е важен овој тип на интелегенција – лидерот што нема емоционална интелегенција не е способен ефикасно да ги насочува потребите, желбите и очекувањата на оние што ги предводи. Лидерите што често реагираат предводени исклучиво од сопствените емоции предизвикуваат недоверба меѓу членовите од тимот и можат сериозно да ги нарушат работните односи.

Емоционалната интелегенција што се однесува до раководењето се состои од пет способности: свест за себе, самоуправување, емпатија, управување со односите и ефективна комуникација.

Самопроцена односно свест за себе си

Се дефинира како способност да се препознаат сопствените емоции, сили, слабости, вредности и двигатели и разбирањето на нивното влијание врз другите.

Без сопствениот одраз неможеме да разбереме кои сме, зошто правиме одредени избори, во што сме добри, каде сме „тенки“. За да го достигнеме сопствениот максимален потенцијал, мора да бидеме уверени во тоа кои сме… Оние што длабоко разбираат кои се и што би сакале да прават можат и да напредуваат.

Управување со себе си