Пет карактеристики што се неопходни за успешно предводење на тимот

Управување со себе си

Способноста за самодисциплина вклучува и контрола и пренасочување на емоциите што не попречуваат и прилагодување на промените, а се со цел тимот да се движи во позитивна насока.

Лидерите неможат себе си да си дозволат да бидат смирени, затоа што смиреноста е заразна исто како и паниката. Еднаш кога ќе ја превземете улогата на предводник, неможете себе си да си дозволите да паничите кога се ќе стане стресно. А такви ситуации има многу. Кога ќе останете смирени и позитивни, можете трезвено да размислувате и јасно да комуницирате со сопствениот тим.

Емпатија и сочуство

Емпатијата е способност „да бидете во нечија кожа“ и да разберете како тој се чувствува или зошто реагира како што реагира во одредена ситуација. Емоцијата што ја чувствуваме како одговор на страдањето е она што не мотивира да помогнеме. Колку повеќе се поврзуваме со другите, подобро ќе разбереме што ги мотивира или ги вознемирува.

Управување со односите

Неможете да негувате блиски односи со другите ако сте растроени. Поголемиот дел од вработените имаат мноштво приватни обрски, семејства и проблеми, но воспоставувањето и одржувањето на здрави и продуктивни односи е неопходна за сите оние што скаат да постигнат повисока емоционална интелегенција. Мора да бидете способни ефикасно да комуницирате и да управувате со односите за да можете да го водите тимот во посакуваната насока.

Ефикасна комуникација

Студиите покажуваат дека ефективната комуникација во само 7 отсто се состои од зборовите што ги изговараме, а 93 отсто е нашиот тон и говорот на телото. Неразбирањето и недостатокот на комуникација во основа е проблем на поголемиот дел од луѓето. Ако успешно не разменуваме информации, тоа може да доведе до фрустрации, конфузии и лоши вибрации меѓу вработените. Добрата комуникација е клуч за поврзаноста меѓу вработените и го шири чувството на потреба.

Емоционалната интелегенција е моќна алатка која е одговорна за достигнувањето на целите, ги подобрува критичните работни односи и гради здраво и продуктивно работно окружување и организациона култура.